Први парламентарни избори во Ирак по повлекувањето на американските сили од земјата

Од:

Ирак денеска избира нов состав на парламентот, на првите национални избори по повлекувањето на американските сили од земјата во 2011 година.

Околу 22 милиони регистрирани гласачи во Ирак ќе можат да го остварат своето право на гласачките места кои се отворени од седум часот по локално време и ќе затворат во шест часот попладне. Тие избираат 328 пратеници во Парламентот.

Изборите се одржуваат под засилени безбедносни мерки со стотина илјади распоредени војници и полицајци.

Според анкетите се очекува шиитската партија на ирачкиот премиер Нури ал Малаки да освои најголем број пратенички места, но без мнозинство во парламентот.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак