Први обвиненија за воени злосторства во Украина: Хашкиот суд има намера да отвори два случаи

Од:

Меѓународниот кривичен суд има намера да отвори два случаи за наводни воени злосторства поврзани со руската инвазија на Украина и ќе бара потерници за неколку лица, објави денеска Њујорк Тајмс.

Наводно, Русија киднапирала украински деца и тинејџери и ги испратила во руски кампови за превоспитување, а Кремљ намерно ја таргетирал цивилната инфраструктура.

Тие случаи се првите меѓународни обвиненија кои се покренати од почетокот на конфликтот и настанале по повеќемесечна работа на специјалните истражни тимови, пишува американскиот весник.

Главниот обвинител Карим Кан мора прво да ги претстави своите обвиненија пред Совет од судии на претходна постапка, кои потоа треба да одлучат дали се исполнети законските стандарди за издавање налог за апсење или дали на истражителите им се потребни дополнителни докази.

Според Њујорк Тајмс, не е јасно кого судот планира да обвини во секој случај, а на барањето да ги потврди барањата за налози за апсење, обвинителството рече: „Не разговараме јавно за спецификите на тековните истраги“.

Кремљ ги отфрли обвинувањата за воени злосторства, но се вели дека меѓународните и украинските истражители собрале силни докази за серија злосторства во првите денови на инвазијата.

Некои дипломати и експерти сметаат дека е можно претседателот на Русија Владимир Путин да биде обвинет, бидејќи судот не го признава имунитетот на шефот на државата во случаи поврзани со воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид, пишува американскиот весник.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк