Првата пловна нуклеарна електрана на пат кон Арктикот

Од:

Русија денеска го покрена првиот пловен нуклеарен реактор во светот и го испрати на Арктикот и покрај предупредувањата на активистите за заштита на околината дека се работи за „Чернобил на мраз“.

Пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ денеска ќе исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на пад долг 5.000 километри до североисточен Сибир.

Нуклеарната агенција „Росатом“ соопшти дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална нуклеарна електрана на терен, кој е замрзнат цела година.

Екологистите подолг период предупредуваат од опасноста на пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ нарекувајќи го „Чернобил на мраз“ и „нуклеарен Титаник“.

Патувањето на „Академик Ломоносов“ предвидено е да трае од четири до шест недели во зависност од временските услови и количеството на мраз на патот. Кога ќе пристигне во градот Певек, кој има 5.000 жители, во сибирскиот регион Чукотка, ќе ја замени локалната нуклеарна електрана. „Академик Ломоносов“ ќе биде пуштен во погон до крајот на годината и ќе служи за снабдување со енергија на нафтените платформи во регионот.

Изградбата на 144 метри долгиот Академик Ломоносов почна во 2006 година во Санкт Петербург. Академик Ломоносов е тежок 21.000 тони и има два реактора со капацитет од 35 мегавати. Екипажот брои 69 лица, а бродот плови со брзина од 3,5 до 4,5 чворови.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он