Првата анкета покажа дека Трамп и Хејли се изедначени во Њу Хемпшир

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли се изедначени во Њу Хемпшир на помалку од една недела пред внатрепартиските избори за претседателска номинација на Републиканската партија, според истражувањето на Американската истражувачка група, додека според истражувањето на Сафолк Универзитетот и телевизијата Ен-Би-Си, Трамп е во предност.

Трамп и Хејли имаат поддршка од по 40 отсто од републиканците, додека гувернерот на Флорида Рон Де Сантис е на трето место со поддршка од четири отсто од гласачите, пишува порталот Хил.

Од друга страна, истражувањето на Универзитетот Сафолк и Ен-Би-Си покажува дека Трамп ја консолидирал својата предност во Њу Хемпшир.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп