Прва Женевска конвенција – 150 години хуманитарно право

Од:

Пред точно еден век и половина, на 22 август 1864 година, усвоена е Женевската конвенција за заштита на ранетите во војна, која ги постави темелите на современото хуманитарно право.

Тоа беше првата, во светски рамки забележана активност на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, основан во 1863 година.

Од 8 до 22 август 1864 година е одржан дипломатски собир во Женева, Швајцарија, под името Меѓународна конференција за неутрализирање на воените санитетски служби во копнените војски.

Дипломатите, кои претставувале 12 од вкупно 16 земји учесници, на 22 август 1864 година ја потпишале првата Женевска конвенција. Тоа го направиле претставниците на Франција, Швајцарија, Белгија, Баден, Данска, Хесен, Италија, Холандија, Шпанија, Португалија, Пруск и Виртемберг.

Со неа е договорена изработка на пишани правила со кои се заштитени жртвите од судири, обврска за давање помош без дискриминирање на ранети и болни припадници на вооружените сили, како и почитување на медицинскиот персонал, транспортните средства и опремата со знакот на Црвен крст.

Најзаслужен за основање на меѓународниот Црвен крст е швајцарскиот хуманист Анри Динан, на кого при усвојувањето на Конвенцијата посебно му помогнал генералот Гијом Анри Дифур.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Сирски: Ситуацијата е „тешка“ поради главната офанзива на Русија

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати