Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО.
Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.
„Дел од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западен и северозападен правец. Во случај на распоредување сили и средства на други членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Финска ќе се приклучи на Алијансата во рок од неколку дена по одлуката на Турција да го ратификува нејзиниот пристап.