Прва молитва преку звучник од џамија во Шведска

Од:

Џамијата во местото Фитја, во близина на Стокхолм доби дозвола за емитување на молитвите преку звучник поставен на  минарето. Дозволата, како што јави допсиникот на МИА од Шведска, ја издаде Полициската управа во Стокхолм.

Џамијата доби дозвола за еитување на молитвите преку звучник траење од три до пет минути во петоците меѓу 12 и 13 часот.

– На крајот сепак ја добивме дозволата и навистина сме многу задоволни. Ова е голема работа за муслиманите во Шведска. Сега ни претстои да обезбедиме соодветно озвучување на минарето, изјави Исмаил Окур, претседател на Исламското здружение во Ботширка.

Ова е првпат на една џамија во Шведска да и биде дозволено да практикува молитви преку звучници, така што овој случај би можело да биде преседан што ќе се применува на цела Шведска.

Мнозинството членови на Советот за општествена изградба во општина Ботширка, во која се наоѓа спомената џамија, пред извесно време ја поништија одредбата зацртана во урабанистичкиот план донесен пред изгрдабата на џамијата во 1994 година, дека не би смеело да се практикуваат никакви молитви со звучници од минарето.

Исламското здружение во Ботширка укажува дека дозволата се однесува на куси повици од минарето, пред петочните молитви, а не петпати дневно, што е нормално во муслимански земји, јави Шведското радио.

Во шведскиот Муслимански совет не веруваат дека оваа дозвола за џамијата во Фитја би можела да предизвика поплава од молби од страна на други џамии во Шведска.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица