Прва годишнина од разурнувачката експлозија во пристаништето во Бејрут, семејствата на загинатите бараат правда

Од:

Либан денеска ја одбележува првата годишнина од разурнувачката експлозија во пристаништето во Бејрут, а семејствата на жртвите продолжуваат да бараат правда и одговорност.

Либан за денеска прогласи национален Ден на жалост во знак на сеќавање на првата годишнина од катастрофата, во која загинаа повеќе од 190 лица, беа повредени околу 6.000, а раселени уште 300.000 лица.

Продавниците, банките и деловните објекти денеска ќе бидат затворени, а владините згради ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Семејствата на жртвите планираат да маршираат до пристаништето, а мисата што таму ќе се оддржи треба да почне точно во време на експлозијата, во 18:07 часот по локално време.

Семејствата се заканија дека од понеделник ќе ги зголемат протестите, бидејќи истрагата за причините за експлозијата бавно напредува. Тие, исто така, го повикуваат парламентот да го укине имунитетот на пратениците и либанските безбедносни службеници кои ги обвинуваат за негрижа.

Една година по катастрофалната експлозија, се уште не е разјаснето кој доставил и неправилно складирал големо количество амониум нитрат во магацин во пристаништето во Бејрут.

– Вистината ќе излезе на виделина и секој виновник ќе ја добие својата казна, кажа либанскиот претседател Мишел Аун во телевизиско обраќање доцна синоќа.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера соопшти дека домашната истрага за експлозијата не ги исполнува меѓународните стандарди. Од тие причини ХРВ го повика Советот за човекови права на ОН да усвои резолуција за основање меѓународна и независна истражна мисија за масовната експлозија во Бејрут.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски