Прв случај на смртоносниот коронавирус евидентиран во САД

Од:

Прв случај на новооткриениот коронавирус е пријавен во САД – во државата Вашингтон, откако болеста слична на пневмонија првпат се појави во Кина и продолжува да се шири и надвор од границите на таа земја, јави Си Ен Ен.

Мажот, кој е жител на областа Снохомиш во Вашингтон, ги манифестирал симптомите на болеста откако се вратил од патување во близина на кинескиот град Вахан, каде вирусот првпат се појави. Минатата недела тој бил хоспитализиран поради пневмонија, а вчера вечер беше потврдено дека е заболен од коронавирусот.

Локалните власти одбиваат да го соопшта идентитеот на пациентот, но соопштуваат дека е во лоша здравствена состојба.

Американските медиуми посочуваат дека вирусот се шири од човек на човек, но засега не е познато колку лесно или брзо се пренесува заразата.

Државите во Азија, но и во другите делови од светот, почнаа проверки на телесна температура на патниците на аеродромите, железничките станици и автопатиштата во обид да се пронајдат евентуално заболени од новиот коронавирус и да се спречи негово понатамошно ширење. Во светот досега починаа најмалку шест лица, заболени од овој вирус.

Се верува дека коронавирусот се прошири од Вухан во централна Кина, и од него досега се разболеа над 300 лица во таа земја.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји. Неодамнешната потврда дека болеста може да се пренесува од човек на човек ги зголему стравувањата од ширењето на болеста, со оглед на тоа дека милиони Кинези патуваат за Лунарната Нова година. Мерките се дел од напорите кои имаат за цел да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, кој исто така беше коронавирус започнат во Кина, при што починаа речиси 800 луѓе, беше парализиран транспортот и кој многу наштети на азиската економија.

Вирусот се прошири и на Тајланд, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија, но повеќето земји го зајакнаа надзорот на лицата кои пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците пристигнати од тоа подрачје.

Освен зајакнат надзор, наредба има и за дополнителни мерки, како чистење и дезинфекција на авиони и возови од Вухан, како и железнички станици и аеродроми.

Најчест симптом на оваа вирусна болест е висока телесна температура, но пациентите можат да покажат и други симптоми, како кашлање, грлоболка и проблеми со дишење. Во потешки случаи, инфекција со коронавирус може да предизвика воспаление на белите дробови, тежок акутен респираторен синдром, затајување на бубрезите и смрт.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето