Провалените податоци изнесени на Викиликс не може да бидат доказ за на суд

Од:

Доверливите телеграми на американската амбасада во Лондон, што беа провалени, а потоа заедно со илјадници други беа објавени на интернет страницата Викиликс, не може да се користат како доказ, или како основа за покренување сослушување на суд, одлучи денеска лондонскиот Виш суд.

Адвокатите кои ги застапуваат интересите на раселените жители на Чагос островите, во Индискиот Океан, сакаа да го повикаат британскиот дипломат Колин Робертс, поранешен комесар на Островите, да сведочи во врска со изнесените наоди во провалената телеграма на амбасадата на САД, во која станува збор за ситуацијата на Чагос.

Овој одалечен архипелаг во кој се наоѓа и островот Диего Гарсија, одамна е прекуморска територија на Велика Британија. Во шеесетите и во седумдесетите години на 20 век, Британците ги раселија Чагосијанците од Диего Гарсија, кога Владата во Лондон одлучи на долг рок да им го изнајми овој остров, најголем на архипелагот, на Американците кои таму изградија голема авионска воена база.

Раселените жители одамна водат правен спор со Форин Офисот во Лондон, барајќи да им дозволи да се вратат „на својата земја“ но Британците редовно ги отфрлаат таквите барања.

Во доверливата телеграма се открива дека САД вршат притисок врз Велика Британија да не дозволат враќање на луѓето, од воени и безбедносни причини. Адвоктите на Чагосијанците веруваа дека по појавувањето на деталите од телеграмата кои освен на Викиликс се појави и на страниците на весникот „Гардијан“, веруваа дека со доведувањето на поранешниот комесар на суд како сведок, ќе може да направат прогрес во стариот процес.

Вишиот суд во Лондон, меѓутоа, пресуди дека како доказ или сознание не може да се користат податоци што се добиени што се добиени со „тајно истекување“ од нечија документација, или се добиени од инсајдер.

Правни експерти во Лондон проценуваат дека ваквата пресуда ќе има далекусежни последици и за други случаи и правни спорови.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска