Противници на исламистите во Египет најавуваат нови протести

Од:

Главната египетска опозициска група повика на демонстрации поради, обидот на Муслиманското братство да преземе контролата на правосудството.

Националниот фронт за спас најави протести, кога законот за кој се очекува да ја намали старосната граница за пензионирање на судиите, за да биде разгледан во египетскиот парламент во кој доминираат исламски пратеници блиски до Муслиманското братство.

Минатата недела претседателот на парламентот побара од надлежниот одбор да го разгледа законот, но се уште не е одреден датумот на расправата.

Правосудството е последно во низата теми околу кое има спор помеѓу приврзаниците и противниците на претседателот Мохамед Морси.

Неговите приврзаници наведуваат дека судовите се полни со симпатизери на поранешниот претседател Хосни Мубарак, додека Националниот фронт за спас порачува дека ќе го брани правото на луѓето на независно судство во кое не доминираат тирански кадри.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина