Протести во Токио поради најавено менување на Уставот

Од:

Стотици Јапонци се собраа денеска во центарот на Токио на мирен протест против повикот на премиеро Шинѕо Абе да се промени Уставот и со тоа да се овозможи Владата да има повеќе влијание за ограничување на граѓанските слободи.

Опозициски партии, синдикални организации и луѓе излегоа на протестен митинг искажувајќи несогласување со потезите на Абе и владејачката Либерално-демократска партија. Јапонија одбележува 66 години од Уставот на денешен ден кој е и национален празник.

Поддржувачите на промените во Уставот сакаат просто мнозинство за уставни реформи од двета дома, пред да бидат гласани на референдум. Во моментот за тоа се потребни две третини гласови. Противниците тврдат дека такви промени може да дозволат владата да ги наруши граѓанските слободи.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови