Протести во Рим поради мерките за штедење

Од:

Десетици илјади демонстранти вчера се собраа во Рим на митинг кој го организираа синдикати и левичарски партии во знак на протест поради владините мерки за штедење.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Монти заминувај“, упатени до премиерот Марио Монти, незадоволни од низата структурни реформи кои Владата ги воведе во обид да ја совлада должничката криза.

Демонстрациите беа одржани со масовно присуство на полиција. На демонстрантите им се придружија и жители на области погодени од земјотресот во регионот на Емилиа Романа. Стапката на невработеност во Италија е 10,7 отсто, но таа цифра е многу повисока кај младите.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он