Во центарот на Прага, на Вацлавскиот плоштад се собраа неколку стотици противници и поддржувачи на исламските бегалци, јави дописникот на МИА од Прага.
Демонстрантите кои носеа транспаренти и чешки и германски знамиња беа поделени со полициски кордон.
Дел од говорниците повикаа на излегување на Чешка од ЕУ, ги критикуваа медиумите кои според нив не информираат доволно, како и проблемите со мигрантите, кои покрај другото ги означи за перверзни и педофили.