Во повеќе американски градови синоќа илјадници луѓе учествуваа во протестите против ослободувањето на Американецот Џорџ Зимерман, кој лани го уби црномурестиот тинејџер Трејвон Мартин во државата Флорида.
Учесниците во протестите, меѓутоа, се собраа во помал број од очекуваното.
Демонстрации се оддржаа во Мајами, Њујорк, Чикаго, Вашингтон и други градови.
Во протестот во „Големото јаболко“ се вклучија и американските црномурести ѕвезди Бијонсе и Џеј Зи.
Родителите на жртвата Трејвон Мартин повикааа протестите да бидат мирни.
На сите места демонстрантите го изразија своето разочарување од ослободителната пресуда на Зимерман, кој во судот се бранеше дека дејствувал во своја одбрана.
-Смртта на син ми треба да донесе промени во нашето општество и да помогне во укинување на оние закони што дозволуваат некој да биде убиен само затоа што некому му изгледал сомнително, рече во Мајами, Трејси Мартин, таткото на убиениот 17-годишен Трејвон.
Во петок емоционална изјава за случајот даде и претседателот Барак Обама, кој призна дека пред 35 години и тој можел да биде на местото на убиениот Трејвон.