Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко

Од:

Околу илјада демонстранти се собраа денеска во Минск на протести против кандидатурата на белорускиот претседател Александар Лукашенко за нов, шести мандат на претстојните избори. Тоа е најголем опозициски протест оваа година во Минск.

Повеќето демонстранти носеа влечки како симболичен одговор на повикот на организаторот на протестот да ја „згазнат бубачката“.

Полицијата, која често ги разбива опозициските протести, денеска не се судри со демонстрантите.

На изборите кои се закажани за 9 август, Лукашенко, кој се наоѓа 25 години на власт, ќе се кандидира за шести мандат.

Демонстрантите носеле заштитни маски, иако шефот на државата ја нарекува загриженоста поради коронавирусот „психоза“.

Белорусија има потврдено над 36.000 заразени случаи со коронавирус, околу 75 отсто повеќе отколку во соседна Украина, чија популавија е четири пати поголема.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата