Протести во Мексико против резултатите од претседателските избори

Од:

Десетици илјади лица протестираа во центарот на мексиканската престолнина во знак на протест против изборот на кандидатот на една од поранешните владејачки партии Енрике Пења Нието.

Демонстрантите носеа пароли со обвиненија против новоизбраниот претседател за изборни измами.

Противниците на Нието тврдат дека Институционално-револуционерната партија победила на изборите на 1 јули преку купување гласови со трошење на огромни средства во предизборната кампања.

Властите во Мексико сити не можат да дадат точна бројка за бројот на учесниците во вчерашните демонстрации.

Во протести пред изборите излегуваа до 90-100.000 лица, додека во вчерашниот митинг учествуваа не повеќе од 50.000 лица.

Во 2006 година Андрес Мануел Лопес Обрадор, кој ги загуби претседателските избори во трката со Фелипе Калдерон, привлекуваше стотици илјади учесници во протестите кои траеја со седмици, со што стана непопуларен меѓу Мексиканците. Обрадор ги загуби и последните избори.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски