Претседателот на Русија, Владимир Путин денес ќе ги посети Германија и Холандија, јави Интерфакс.
Главна цел на посетата на Путин во Германија е учество во годишинот саем во Хановер. Рускиот претседател и германската канцеларка Ангела Меркел ќе бидат дел од церемонијата на отворањето на настанот.
Меркел и Путин ќе одржат и средба на која е планирано да стане збор за економски прашања.
Радиото „Ехото на Москва“ јави дека се најавени протести за време на денешната посета на Путин на Германија затоа што многу германски политичари и претставници на јавни организации се револтирани од односот на власта кон невладините организации во Русија.
– Путин е деспот и врши притисок врз невладините организации со заплашување, клевети и дискредитирање на активистите на граѓанското општество, му порачаа на Путин од „Сојуз 90/Зелените“.