Протести во Египет по повикот на Ештон за преговори и ослободување на Морси

Од:

Илјадници лица излегоа на нови протести на улиците ширум Египет, откако високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон повика за ослободување на сменетиот претседател Мохамед Морси.

– Мислам дека тој треба да биде ослободен, изјави Ештон, по средбата со времениот претседател Адли Мансур и потпретседателот Мохамед ел Барадеј.

Засега нема информации дали Ештон побарала само ослободување на Морси или и негово враќање на функцијата.

Ештон се сретна и со лидери на Муслиманско братство и апелираше на дијалог меѓу двете страни во спорот.

Таа со претставници на преодната Влада ја разгледала и можноста ЕУ да укаже помош при одржувањето на изборите, вклучително и набљудување на изборниот процес.

Повикот за дијалог, меѓутоа, беше пресретнат со протести во Каиро, како од приврзаници, така и од противници на Морси.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет