Протести во Чиле поради недостиг на храна

Од:

Жителите на сиромашното предградие на Сантјаго, Ел Боске, вчера се судрија со полицијата за време на протест поради недостиг на храна во време на карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Демонстрантите извикувале слогани против Владата за која сметаат дека ги оставила на цедило. Тие фрлале со камења, а полицијата одговорила со солзавец и водени топови, и привела неколку демонстранти.

Владата на премиерот Себастијан Пињера во петокот прогласи карантин за сите жители на главниот град во кој се концентрирани 80 проценти од заразените со коронавирусот.

Меѓутоа, во земјата со месеци е забавена економската активност, затворени се продавници, градежништвото и разни услужни сектори.

Општината Ел Боске објави соопштените во кое зборува за влошениот квалитет на животот на граѓаните и недостигот на грижа на централната власт за најсиромашните.

– Денеска протестираат жителите кои повеќе од еден месец не работат, а не виделе ниту конкретни мерки од страна на државата, напиша градоначалникот Сади Мело.

И пред кризата со коронавирусот, Чиле, каде живеат околу 18 милиони жители, со месеци се соочуваше со социјални немири и насилство кои почнаа во октомври по поскапувањето на билетот за подземна железница во Сантјаго.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера