Протести во Будимпешта против посетата на Путин на Унгарија

Од:

Околу две илјади луѓе протестираа во центарот на Будимпешта против посетата на рускиот претседател Владимир Питин на Унгарија.

Демонстрантите носеа голем транспарент на кој пишуваше: „Путин њет, ЕУ да“ и скандираа против унгарското приближување кон Русија.

Рускиот претседател престојуваше во главниот унгарски град, официјално, за повторното отворање на обновените гробишта на советските војници кои загинаа во борбите за ослободување на Будмипешта од нацистите,пред крајот на Втората светска војна, но главната цел на разговорите на Путин со премиерот Виктор Орбан, се однесуваа за новиот договор за снабдување на Унгарија со руски гас.

Земјата е голем зависник од рускиот гас, затоа што дури 50 отсто од своите потреби со ова енергетско гориво ги добива од Русија. Владата во Будимпешта сака да го обнови овој договор, чија важност истекува кон крајот на оваа година.

Престојот на Путин во Унгарија е првиот што тој го има направено на една земја-членка на ЕУ од јуни 2014 година.

Владата на Унгарија ги прифати санкциите што ЕУ го воведе против Русија,обвинувајќи ја дека директно се меша во украинскиот конфликт,но премиерот Орбан повеќепати досега ја критикуваше таквата одлука.

Според него, станува збор за погрешно решение и дека со воведените трговски санкции, ЕУ самата „си пукала во нога“.

Виктор Орбан настојува, токму Унгарија да биде најблискиот партнер на Русија во ЕУ.

Унгарскиот премиер, претходно, беше познат по својата остра антируска и антикомунистичка реторика,но сега тврди дека сака да ги надмине „старите психолошки тензии„ меѓу Будимпешта и Москва.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија