Протести во Белорусија: Солзавец врз демонстрантите, досега уапсени 53 лица

Од:

Белоруската полиција денеска соопшти дека употребила солзавец и шок бомби за да ги растера, како што наведе, „непослушните демонстранти“ во градот Гомел.

Со овој свој потег, наведе, спречила пробивање на полицискиот кордон, пренесе Тасс.

Во Белорусија и денес продолжија протестите против резултатите од претседателските избори, по кои победа прогласи, а потоа и се самоинаугурира досегашниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко, што опозицијата и Западот не го признаваат.

Во главниот град Минск беа пријавени повеќе апсења дури и пред да почетокот на традиционалните неделни демонстрации, наведоа неколку портали, јави ДПА.

Како и претходните недела, метро-станиците во центарот на градот се затворени за да може што помалку луѓе да излезат на протестите.

Војниците, пак, ги  зазедоа позициите околу Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаат подготвени за акција во споредните улици.

Претседателската палата е обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваа дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Британските медиуми пренесоа дека полицијата досега уапсила најмалку 53 лица низ целата земја, повикувајќи се на наводи на  групата за човекови права „Весна“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина