Протести против новата влада во Виена

Од:

За време на полагањето заклетва на новата влада на Австрија пред претседателот Александар ван дер Белен, во Виена се одржаа протести. Вкупно девет демонстрации беа пријавени во Виена.

Демонстрантите треба да се соединат на плоштадот Хелденплац, во близина на седиштето на владата и претседателот на Австрија. Организатори на протестите се Здружението на студентите, Здружението на учениците како и левичарски организации.

Тие протестираат со пароли против ФПО во новата влада и предупредуваат дека со тоа се враќа фашизмот во Австрија. Дел од нив најавија дека се подготвени да се борат против владата и на улица, со штрајкови додека таа не биде соборена.

Зоната околу владините згради ја обезбедуваат 1.500 полицајци, а за лицата кои ќе се обидат да влезат во неа е предвидена казна од 360 евра или до две недели затвор.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник