Протести на универзитетот Беркли заради говор на ултрадесничар

Од:

Стотина демонстранти од калифорнискиот универзитет Беркли кршеа прозорци од зградата на универзитретот, автомобили, предизвикаа пожари и се судрија со полицијата за да го спречат ултрадесничарски настроениот уредник на порталот „Брајтбарт“, Мајло Јанопулос, да одржи говор, пренесуваат британските медиуми.

Два часа пред најавениот говор, демнострантите пред студентската унија поставија метални барикади, фрлаа со камења низ прозорците од зградата и запалија генератор во близина на влезот.

Полицијата им нареди на демонстрантите да се разотидат и го затвори универзитетот.

Демонстрантите фрлаа тули и факели врз полицијата, која носеше опрема за разбивање демонстрации и која кон нив испука гумени куршуми, пренесоа локалните медиуми од Сан Франциско.

Еден од демонстрантите носеше транспарент „Нема сигурно место за расистите“, додека другите играа на хип-хоп музика, а подоцна маршираа низ улиците во близина на универзитетскиот кампус.

Јанопулос, чиј налог на Твитер минатата година беше суспендиран, откако беше обвинет за учество во онлајн вознемирување на актерка со афро-американско потекло, ги критикува „левичарите“ дека се „апсолутно исплашени од слободата на говорот и дека ќе стори речиси се за да ги замолчи“.

Тој за Фокс њуз изјави дека полицијата го евакуирала, откако демонстрантите почнале да фрлаат камења и други објекти врз зградата во која требало да го одржи говорот.

– Очигледно тоа е либерален кампус, така што тие ги мрзат сите кои ќе се осудат да изразат свое мислење во нивниот кампус. Тие особено не ме сакаат, рече Јанопулос.

Јанопулос е познат во јавноста по тоа што се декларира како хомосексуалец, католик и алтернативен десничар, а изјави дека мнозинството демонстранти не се студенти, туку постари маскирани лица од антифашистичкото движење.

Малку подоцна универзитертот соопшти дека од околу 1.500 демонстранти во кампусот, само околу 150, со маски на лицето, правеле немири.

Основач на порталот „Брајтбрајт“ е Стив Банон, главниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени