Протести на приврзаниците на Муслиманското братство во Каиро

Од:

Илјадници приврзаници на Муслиманско братство денеска протестираа во Каиро, носејќи слики на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси.

Тие извикуваа пароли против египетската армија, нарекувајќи го шефот на војската предавник.

Еден од говорниците на собирот, ултра конзервативниот салафистички свештеник Сафват Хегази најави дека демонстрациите ќе продолжат се додека Морси не биде вратен на власт.

– Подготвени сме да останеме, еден, два месеци, години, па дури и две години, посочи Хегази.

Во текот на неделава во судирите со армијата загинаа повеќе од 50 приврзаници на Морси.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина