Неколку лица беа повредени вчера во Александрија, вториот по големина град во Египет, во судири меѓу приврзаници и противници на соборениот претседател Мохамед Морси.
Полицијата интервенираше за да ги растури двете групи.
Во Каиро приврзаници на Морси пишуваа непријателски пароли против армијата врз ѕидови на згради.
Во престолнината имаше демонстрации во неколку квартови.
Протести се одржаа и во градови во провинцијата Шакрија во Делтата на Нил и во централната провинција Кена.