Протести на опозицијата во Белорусија

Од:

Околу 2.000 приврзаници на опозицијата во Белорусија денеска се собраа на протест во Минск, за да ја одбележат 101-та годишнина од формирањето на Белоруската Народна Република во текот на Првата светска војна.

Белоруската Народна Република била прогласена за независна држава од страна белоруските националисти во март 1918 година, на поранешна руска територија под контрола на германските сили. Оваа држава постоела околу една година и била освоена од страна на војската на Полска и на Црвената армија, на почетокот на Полско-советската војна, што траела од февруари 1919 до март 1921 година.

Годишнините од формирањето на Белоруската Народна Република последниве години станаа традиционален ден за собири на противниците на претседателот на Белорусија, Алексадар Лукашенко.

Организациите за заштита на човековите права соопштија дека полицијата за време на протестот во Минск, го уапсила организаторот на собирот, Змицер Дашкевич.

Покрај во Минск, протести биле организирани и во Брест и Гродно.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина