Илјадници приврзаници на исламистичкото движење Муслиманско братство се собраа денеска на еден плоштад во Каиро, на, како што најавија, „масовна молитва за помен на мачениците“ убиени за време на протестите против соборувањето од власта на египетскиот преседател Мохамед Морси пред три дена.
На собирот на плоштадот Раба ал Адавија во каироското предградие Насер, беше одржана молитва пред ковчезите на четворица исламисти, кои загинаа во протестите против остранувањето на Морси од власта.
Плоштадот Раба ал Адавија, каде што се наоѓа и истоимена џамија, веќе неколку дена е запоседнат од првзаници на Морси, кои поставија шатори пред верскиот објект.
Во судир меѓу приврзаници и противници на Морси и при напади врз претставници на безбедноните сили во последниве 24 часа ширум Египет загинаа најмалку 30 лица, а над 1.400 беа ранети.