Повеќе илјади приврзаници на египетското Муслиманско братство во знак на незадоволство од полициските акции, денеска одржаа протестен марш од едно предградие на Каиро, до местото каде што се наоѓал нивниот камп, кој во август беше отстранет од безбедносните сили.
Учесниците во протестот извикуваа пароли против воениот командант Абдел Фатах ал-Сиси, кој на 3 јули го смени од власт исламистичкиот претседател на Египет, Мохамед Морси.
Воените трупи и полицијата ги зајакнаа своите сили на овој локалитет, а египетските власти го предупредија движењето Муслиманско братство дека никакви нови кампови нема да бидат дозволени.
Истовремено, неколкумина маскирани лица од автомобил во движење отвориле оган врз воено возило во близина на египетскиот град Исмаилија, при што загинаа двајца војници, а еден војник и еден полицаец се ранети