Протестантите во Виена бараат укинување на санкциите против Русија

Од:

Неколку стотици луѓе протестираа денеска во Виена барајќи укинување на санкциите против Русија, намалување на цените на струјата и гасот и зачувување на неутралноста на Австрија.

Насобраните држеа плакати со натписи „Намалете ги цените на струјата и гасот“, „За неутралност“, а голем дел од нив носеа знамиња на Австрија и Русија.

„Не е дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да ни продава гас и суровини, но Европската унија тоа го забрани со санкции и ембарго. Во исто време, во ЕУ постојано зборуваат за „светата крава“ – правото на слободна трговија. Но, тоа право очигледно се однесува само на трговските односи со САД и нивните сојузници“, рече еден од присутните демонстранти.

Би можело да ве интересира

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15