Протест во Варшава поради законот за абортус

Од:

Голем број луѓе маршираа денеска во Варшава во знак на протест против полската десничарска Влада на последните демонстрации, откако високиот суд донесе одлука за дополнително заострување на веќе рестриктивниот закон за абортус.

Протестот беше организиран од „Женски штрајк“, групата што стои зад низата масовни протести низ целата земја од изрекувањето на пресудата за абортусот, донесена на 22 октомври.

На демонстрациите им се придружија и претприемачи фрустрирани од начинот на кој Владата управува со пандемијата на коронавирусот.

Маршот се одржа под слоганот: „Ние се бориме за слобода. Ние се бориме за сè!”

Демонстрантите се собраа на централната крстосница и маршираа кон куќата на Јарослав Качински, лидер на владејачката партија Право и правда, кој се смета за лидер на земјата, иако тој е вицепремиер.

Полицијата ги блокираше демонстрантите, присилувајќи ги да одат по друга рута до неговата куќа.

Тие користеа мегафони со кои предупредуваа дека протестот е нелегален, велејќи: „Имаме епидемија“.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази