Протест во Њу Делхи поради посетата на Обама

Од:

Комунистичките партии во Индија денеска одржаа протест на кој биле запалени кукли со ликот на американскиот претседател Барак Обама пред неговата посета на Њу Делхи.

Околу 100 демонстранти за време на протестниот марш во Њу Делхи извикувале „Барак Обама, тргни ги рацете од Индија“.

Еден од демонстрантите изјавил дека посетата на Обама на Индија, која почнува утре, е насочена кон создавање воена алијанса со Њу Делхи, иако Вашингтон зборува за јакнење на политичките и економски врски.

Водечката Комунистичка партија на Индија и Комунистичката партија на Индија (Марксисти) остро се спротивставуваат на цивилната нуклеарна трговија меѓу двете држави, потпишана во 2008 година.

Обама утре ќе допатува во тридневна посета на Индија, каде ќе оствари средба со премиерот Нарендра Моди, а в понеделник ќе учествува на парадата по повод Денот на републиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати