Протест во Минск против руско-белоруските воени вежби

Од:

Над 300 жители на Белорусија протестираа вчера против воените вежби, организирани од Москва и Минск, кои ќе се одржат во Белорусија и кои веќе предизвикаа реакции од страна на НАТО.

Демонстрантите се собраа во центарот на Минск и носеа транспаренти на кои беше испишано „За една мирна Белорусија“ и „Руски војници, вратете се дома, тука нема водка!“.

– Една странска армија доаѓа во нашата земја и тие ќе вежбаат да се судираат со нашите соседите, со кои ние живееме во мир долго време, со Украина, Полска, Летонија и Литванија, изјави Микола Статкевич, еден од лидерите на белорусата опозиција, која повика на протести против вежбите.

Москва соопшти дека во вежбите Запад-2017 ќе учествуваат 12.700 војници, од кои 7.200 белоруски и 5.500 руски. Вежбите почнуваат на 14 септември и ќе траат до 20 септември. Минск најави дека во вежбите учествуваат 13.800 војници и прецизира дека руските војници по завршувањето на вежбите ќе си заминат за Русија.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина