Протест во Данска поради реформи во образованието

Од:

Околу 30.000 лица протестираа денес во центарот на Копенхаген поради најавените реформи во образованието, кои доведоа до спор помеѓу наставниците и локалните власти, поради кој повеќе од 800.000 ученици ширум Данска веќе 10 дена немаат часови.

Општинските власти од 1-ви април ги затворија училиштата за околу 60.000 наставници, барајќи од нив да го прифатат новиот договор за работа, со кој се пропишува должината да работниот ден.

Овој договор е дел од реформите во образованието, на кој во моментов работи владата.

Кон крајот на март, преговорите помеѓу синдикатот на наставниците и локланите власти, кои управуваат со училиштата завршија без договор.

Наставниците тврдат дека новиот систем е неразумен и дека ќе влијае врз стандардите во образованието.

Протестите во Копенхаген поради најаваните реформи во образованието траат веќе неколку дена, а денешните демонстрации беа најмасовни во последните неколку години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот