Во Виена денеска беше одржан нов протест на противниците на мерките за заштита од коронавирусот. Во текот на демнострациите дојде и до пресметка со полицијата.
Полицијата привела 10 лица. На протестот за чие одржување властите не дале дозвола се собраа околу три илјади граѓани.
Протестот кој беше наречен „мајка на сите демонстрации“ почна мирно, а организаторите ги повикаа граѓаните да излезат на свеж воздух во парковите во центарот на градот.
Демонстрантите во два наврати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон тогаш и дојде до судирите поради кои беа уапсени најжестоките демонстранти.