Протест на Унгарците за се понагласеното свртување на Владата на Орбан кон Русија

Од:

Неколку илјади демонстранти вчера се собраа пред зградата на унгарскиот Парламент  и, во пресрет на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, ја потсетија Владата на Виктор Орбан на обврските кон западните сојузници.

Запад со се поголем немир следи како Фидес, партијата на десниот центар на Орбан, се приближува кон Русија, во момент кога во Украина беснее жесток судир.

Две недели по посетата на Меркел на Будимпешта, во Унгарија треба да дојде и рускиот претседател Владимир Путин.

Демонстрантите вчера држеа транспаренти и извикуваа барања Унгарија да се држи до Европската унија, што подалеку од руската сфера на влијание.

Тие бараа и заминување на Орбан, бидејќи го сметаат за човекот кој ги загрози демократските слободи, толерира корупција и е во дипломатски судир со Западот, пренесе Хина.

-Не ни се допаѓа управувана демократија, диктатурата што Владимир Путин ја разви во Русија. А токму во таа насока се движи  и Владата на Орбан, изјави Јозеф Бруцк, еден од демонстрантите пред Парламентот.

„Европските политичари го вртат погледот, а тоа тие го смеат затоа што на нивните гласачи не им е грижа. Ние тоа сакаме да го промениме“.

Следните парламентарни избори се во 2018 година, а унгарската опозиција е многу слаба, што на Орбан  му овозможува цврсто владеење со земјата. Тој ја контролира и партијата, на чие чело е во поголемиот дел од 27-те години на нејзино постоење. Но, Фидес во последните месеци почна да го губи рејтингот во анкетате и се почесто се појавуваат пукнатини во делувањето, што се директна последица на зачестените судири на влијателни партиски членови.

Би можело да ве интересира

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски