Протест на разголени Украинки поради корумпираноста на пратениците

Од:

Неколку активистки на украинското движење „Фемен“ протестираа со газголени гради во Киев поради корумпираноста на пратениците во украинскиот Парламент, чија прва седница во новиот состав беше обележана од голем скандал.

Четири млади жени од организацијата ја прескокнаа оградата на Врховната рада по што се разголеа и протестираа на студот по бикини и црни чорапи на главниот влез од Парламентот. Тие веднаш беа спречени и однесени од обезбедувањето.

Активистките, кои често се служат со овие форми на протест, изјавија дека протестираат поради корумпираноста на пратениците.

Подоцна во Парламентот изби скандал меѓу пратениците од опозицијата, кои обвинија двајца свои колеги дека преминале во редовите на власта.

Неколку парламентарци од опозициското движење „Свобода“ ги избркаа двајцата „предавници“, татко и син, од Собранието, не дозволувајќи им да положат пратеничка заклетва.

Подоцна денеска новиот украински Парламент ќе гласа за добивањето нов мандат на премиерот Микола Азаров, близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, кој на почетокот на овој месец поднесе оставка заедно со својот кабинет.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари