Неколку илјади наставници протестираа денеска во Лисабон поради предложеното намалување на буџетот за образованието од една милијарда евра.
Синдикатите на просветните работници велат дека владата планира да приватизира голем број на државни училишта и укине околу 50.000 работни места во образовниот сектор. Португалија мора да спроведе реформи за намалување на трошоците, а во синдикатите на образовните работници тврдат дека барањата на ММФ практично ќе значи укинување на бесплатното образование.
Веќе трета година по ред, Португалија е во рецесија, поради што во 2011 година. државата мораше да побара пакет помош од 78 милијарди евра за да избегне банкрот.
Стапката на невработеност во Португалија е 16,3 проценти, а мерките на штедење повлекоа со себе лавина на протести во голем број на сектори кои се најмногу погодени од кризата.