Протест на новинарите во Украина

Од:

Околу двесте луѓе, претежно новинари, протестираа пред украинскиот парламент во Киев поради предлог законот со кој се криминализира клеветата, јавуваат медиумите.

Демонстрантите, меѓу кои беа уредници на водечките украински медиуми и новинарите, носеа празни бели хартии како знак дека во Украина може биде воведена цензурата.

Предлог-законот за криминализација на клеветата, поддржан од страна на украинскиот претседател Виктор Јанукович, повикува на построги казни за клевета, вклучувајќи затворски казни до пет години и парична казна до 8.500 евра.

Вкупно 244 пратеници од про-владиното мнозинство предлага затворање на луѓе во случај на клевета или намерно ширење на лажни информации, и всушност секој кој критикува. Ова не е закана само за новинарите, блогерите и активистите, туку и на редовните корисници на социјалните мрежи и форуми кои само ја коментираат веста, изјави јавното движење “Стоп за цензурата”.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Зеленски: Украина се залага за праведен и траен мир

Ројтерс: Америка и Украина ќе потпишат договор за минерални суровини

Горан Наумовски

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев