Протест на млади Хазарки по вчерашниот самоубиствен напад во Кабул, во кој загинаа 35 лица

Од:

Околу педесетина млади жени Хазарки, и покрај забраната на талибанските власти за јавни собирања, утринава се собраа да го изразат својот револт за вчерашниот самоубиствен напад во кој загинаа 35 млади лица, од кои поголемиот дел припаѓаат на нивната етничка заедница. Младите девојки маршираа по главната улица на Кабул, извикувајќи „Стоп за геноцидот врз Хазарите“.

На собирното место беа распоредени голем број тешко вооружени талибанци, а неколку од нив пукаа во воздух во обид да ги растераат демонстрантите.

Во Дашт-е-Барчи, нааселба во западен Кабул, претежно живеат шиитски муслимани, најмногу од малцинството Хазари. Во оваа населба досега имаше повеќе напади откако талибанците се вратија на власт во август 2021 година. За неколку напади одговорноста ја презеде терористичката Исламска држава, која ги смета Хазарите за еретици.

Најмалку 35 лица, меѓу кои и неколку млади девојки, вчера беа убиени во самоубиствениот напад врз центар за обука на студенти, лоциран во населба на шиитското малцинство Хазари.

„Последната проценка покажува дека во нападот има најмалку 35 загинати и 82 повредени“, соопшти денеска Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (МАНУА).

Бомбаш-самоубиец вчера активираше бомба во тренинг центар во кој учениците се подготвувале за приемни испити.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан