Протест на бегалците пред главната железничка станица во Будимпешта

Од:

Стотина мигранти протестираа рано изутринава пред централната железничка станица во Будимпешта, а полицијата не дозволува на околу 2.000 од нив да се качат на возови за Германија и Австрија.

– Ќе останеме тука додека успееме да се качиме на воз за Германија. Ќе продолжиме да протестираме секој ден, ги бараме нашите права, изјави Сириецот Мохамад, еден од групата демонстранти.

Околу 600 лица, вклучително жени и деца, во најголем дел од Сирија, Ирак или Авганистан, се собраа пред железничката станица „Гари“, седнати на земја, додека околу 1.200 се внатре во транзитната зона на станицата.

Вчера властите ги принудија бегалците да ја напуштат станицата, откако околу 500 мигранти се обидоа да се качат на последниот воз за Виена, предизвикувајќи хаос. Железничката станица повторно работи, но пристапот за мигранти е забранет. Тоа резултира со спонтан протест на 200 лица пред станицата, кои скандираа „Германија, Германија“ и „Сакаме да заминеме“.

На друга железничка станица во Будимпешта стотина мигранти, кои пристигнале од центар за регистрација на границата со Србија, седеа на пероните и одбиваа да се качат на воз, за центарот за бегалци во Дебрецен. Според полицијата, групата побарала дозвола да замине за Германија.

Во август годинава Унгарија прими 50.000 мигранти. Владата на Виктор Орбан, која изгради 175-километарска ограда долж границата со Србија, изјави дека ги спроведува правилата на ЕУ, според кои мигрантите без виза не може да заминат.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта