Проруските сили дозволија пристап до авионот

Од:

Малезиските власти постигнаа договор со проруските сили во Источна Украина на полицајците од повеќе држави да им се овозможи пристап до местото на падот на авионот на „Малезија ерлајнс“, кој се урна на 17 јули со 298 патници и членови на екипажот, соопшти кабинетот на малезискиот премир Наџиб Разак.

Во соопштението се истакнува дека на полицајците ќе им биде дозволено да влезат во конфликтното подрачје во Источна Украина „за да обезбеддат заштита на меѓународните експерти за истрагата за падот на авионот“.

Лидерот на самопрогласената Доњецка народна репблика, Александар Бородај утрово се согласил да го прифати доаѓањето на меѓународните полицајци.

– Длабоко сум загрижен бидејќи меѓународните истражители не можеа на соодветен начин да го истражат местото на несреќата поради несигурната безбедноста ситуација на тоа подрачје, посочи Разак.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија