Проруските бунтовници одбиваат преговори за прекин на огнот со Киев

Од:

Лидерот на проруските бунтовници во Источна Украина Александар Захарченко изјави дека неговата група е во офанзива, па сега тој не сака да преговара со властите во Киев околу постигнување договор за прекин на огнот.

Захарченко признава дека тој и неговите борци сакаат да ја поместат линијата на фронот до границите на регионот Доњецк.

Проруските  бунтовници сега го контролираат градот Доњецк и целиот источен дел од овој регион. Линијата на фронтот, со украинските сили, засега е кај доњецкиот аеродром.

– Ние повеќе не сакаме да разговараме за прекин на огнот, изјави Захарченко.

Украина, Русија, Франција и Германија, заеднички побараа од двете страни во судирите во источните делови на земјата веднаш да ги прекинат борбите и насилствата, во кои има загинати и на двете страни, како и десетици цивили.

Властите во Киев и Западот ја обвинија Русија за најновиот бран насилство, тврдејќи дека Москва има „повеќе илјади“ свои војници меѓу бунтовниците, како и тешко вооружување и тенкови.

Руската страна, меѓутоа, ги отфрли како „целосно неточни“ таквите обвинувања, но официјална Москва признава дека на страната на бунтовниците има руски доброволци.

Советот за безбедност на ОН ноќеска го осуди убиството на 16 цивили во Доњецк, убиени во бомбардирањето на делови од градот, додека претставник на локалните власти соопшти дека пронашле мртви тела и многу американско и западно оружје и муниција кај аеродромот во Доњецк.

Според овој извор, убиените имале на себе „НАТО униформи“ како и легитимации од кои се гледа дека станува збор за странски платеници кои војуваат на страната на украинските сили.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија