Градоначалникот на Доњецк, град во источна Украина под контрола на проруските сепаратисти, на својот канал на Телеграм објави дека украинската армија денеска гранатирала неколку населби. Тој исто така тврди дека во нападот се убиени и повредени неколку цивили, но не наведува колку.
Алексеј Кулемзин, градоначалникот на Доњецк, објави дека нападот оштетил универзитетски згради, училишта, продавници, куќи и административни згради.
Оваа информација не е независно проверена, но новинарите на Ројтер во Доњецк известија за силен бомбашки напад вчера и снимиле пожарникари како гаснат пожар и цивили кои се кријат во подрум.
Жителка на Доњецк, која кажала дека се вика Лариса, опишала како над градот се појавил дрон.
„Одевме по улицата кога одеднаш војниците почнаа да пукаат нагоре. Горе леташе дрон, а војниците ни рекоа да влеземе во зградата“, рече Лариса.
„Дојдовме во засолништето, а потоа почнаа гранати. Тие се уште паѓаат, нападите се засилуваат“, додаде таа.