Пропадна улица во Варшава, евакуирани околу сто лица

Од:

Улица во центарот на Варшава делумно пропадна при изградба на метро, поради што градежните работници фрлија стотици тони цемент под неа за да го спречат евентуалното уривање на околните згради.

Во близина на метро станицата, која е во изградба, на втората линија на варшавското метро, дојде до пукање на водовод.

Неколку десетици метри асфалт пропаднаа, а две згради, кои се наоѓаат во близина, биле малку поместени, поради што беа евакуирани околу сто лица.

Ова е втор ваков инцидент при изградба на метрото во полскиот главен град. Во август изградбата на метространица покрај реката Висла беше запрена поради ненадејно истекување на подземни води.

Би можело да ве интересира

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска