Пронјадени остатоците од изчезнатиот брод „Ел Фаро“ кај Бахамите

Од:

Екипите кои трагаат по исчезнатиот товарен брод „Ел Фаро“ соопштија дека откриле остатоци од потонат брод, за кои се верува дека му припаѓаат на пловилото што тие се обидуваат да го откријат.

„Ел Фаро“ исчезна во регионот на Бахамските Острови за време на беснеењето на ураганот „Хоакин“, што го погоди овој дел од западниот Атлантик на во почетокот на минатиот месец.

Бродот, долг 241 метри, исчезна додека пловеше од Флорида за Порторико, со 33 членови на екипажот.

На 1 октомври „Ел Фаро“ испрати повик за помош, објаснувајќи дека бродот останал без погнот на своите мотори и дека плута на океанската површина, оставен на милост и немилост на огромните бранови. По таа порака, беше изгубена комуникацијата со бродот и со неговиот екипаж.

Брод на американската воена морнарица, опремен со специјални сонари, откри потонат брод на дното на океанот, на длабочина од повеќе од 500 метри.

Потонатите остатоци од трговскиот брод се откриени, извесно време по појавувањето на човечко тело на површината од океанот.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

ВИДЕО: Матурант на Бахамите скокнал од брод поради предизвик, не е пронајден

Ана Ололовска