Пронајдено ново „отровно писмо“ во воздухопловна база крај Вашингтон

Од:

Писмо на кое има можни траги од смртоносниот отров рицин, денеска се пронајдени во американска воздухопловна база крај Вашингтон, јавија француските медиуми.

Денеска е ослопбоден Пол Кевин, човекот кој е обвинет дека испраќал отровни писма до американскиот претседател Барак Обама, до американски сенатор и до државен судија, соопшти претставник на федералните власти, иако не наведе зошто обвинетиот е пуштен од затвор.

Џеф Вудфин изјави дека обвинетиот Кевин е ослободен од притвор, но дека не мусе познати условите под кои тоа се случило, пренесуваат американските медиуми.

Најновото писмо е откриено во базата „Болинг“, седум дена по пронаоѓањето на првите три писма.

-Денеска имавме уште еден инцидент. Како што ми е кажано писмото е откриено во базата „Болинг“ и станува збор за истата супстанца, изјави сенаторот Хари Рајд.

Писмото е откриено утринава во текот на рутинска проверка на поштата, соопшти разузнавачката служба на базата.

-Првите тестови укажуваат на можно постоење на биолошки отрови, се наведува во соопштението во кое не се прецизира за каков вид отров станува збор.

Кертис беше уапсен минатата недела во својата куќа во Коринт, во државата Мисисипи, и беше обвинет дека испраќал писма со рицин до Обама, сенаторот од Мисисипи Роџер Викер и еден судија на судот во оваа американска држава.

Денешното рочиште беше одложено на околу 90 минути, по што следеше соопштението за ослободувањето.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа