Спасувачките екипи досега пронајдоа тела на над 400 лица кои загинале при вчерашните поплави и лизгањето на земјиштето во главниот град на Сиера Леоне, Фритаун, соопшти вечерва претставникот на сиералеонските власти Сенех Думбуја.
Тој нагласи дека властите стравуваат оти под наносите на земја и кал, пред се во најпогодената населба на Фритаун, Риџент, се наоѓаат телата на уште околу 500 жртви.
Портпаолот на Владата на Сиера Леоне, Корнелиус Дево пак изјави дека акцијата за расчистување теренот и за пронаоѓање на евентално преживеани лица под урнатините од куќите и наносите од кал продолжува.
– Дефинитвната цифра на загинати не е позната, бидејќи миртовечницата е преплавена со тела на мажи, жени и деца, рече Дево.
Локалната канцеларија на Црвениот крст соопшти дека околу 600 лица се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштето, но британската телевизија Скај, повикувајќи се на неофицијлани извори, јави за околу 1.500 исчезнати.
Претседателот на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома денеска изјави дека на земјата и е потребна итна помош за справување со последиците од поплавите и лизгање на земјиштето, признавајќи дека дека властите не можат сами да се справат со кризната состојба.
Свлечиштето во Реџент се случи вчера во раните утрински часови, по поројните дождови што врнеа во регионот во текот на целата ноќ, предизвикувајќи поплави во повеќе делови на Фритаун. Повеќето од загинатите во Риџент биле затрупани од огромното количество кал додека спиеле.