Пронајдени се остатоци на јапонскиот борбен авион Ф-35

Од:

Во Пацификот се пронајдени делови од јапонскиот воен авион Ф-35, кој вчера исчезна од радарите, додека по пилотот се уште се трага, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Борбениот авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот. Авионот, кој летал со уште три други од брегот на префектурата Аомори, околу 135 километри источно од базата, изгубил контакт со радарот половина час по полетувањето.

Во воздухопловната база Мисава има 13 борбени авиони Ф-35А.

Јапонскиот министер за одбрана Такеши Иваја изјави дека причината за падот на авионот се уште не е утврдена.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови