Претседателот на Франција, Франсоа Оланд рече дека француски војници пронашле една црна кутија од алжирскиот авион, кој се урна на север на Мали, при што загинаа 116 патници и членови на екипажот и потврди дека нема преживеани.
-За жал нема преживеани -изјави Оланд.
Како што пренесе „Франс прес“, француски официјални лица соопштиле дека може да се верува дека лошите временски услови се причина за падот на авионот во кој загинаа 51 француски државјанин, но не ја исклучуваат ниту можноста за терористички напад.
-Француски војници ја однесоа црната кутија, од местото на настанот во регионот Госи, во северниот град Гао, каде што е стациониран француски контингент – рече Оланд по состанокот со министрите во Париз.
Е. Г.